Во прв ред

“Танец” со концерт во Охрид за обнова на манастирот Трескавец

Националниот ансамбл за народни песни и игри “Танец”, вечерва ќе одржи хуманитарен концерт во Охрид, а сите средства од продадените билети ќе бидат наменети за обнова на манастирот Траскавец кај Прилеп, кој беше опожарен на 4-ти фебруари.

Целовечерниот концерт го организира Центарот за култура “Глигор Прличев” и ќе се одржи во големата сала на оваа установа. Почеткот на концертот е во 20 часот, а цената на билет чини симболични 100 денари.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: