Асоцијација на ивент индустријата – ИВАП по втор пат беше дел од глобалното движење #redalert и #wemakeevents. Овој пат во црвена боја беше осветлено Кочани, како предупредување за сериозноста на ситуацијата во која се наоѓаат професионалците во ивент секторот. Претходно оваа иницијатива го “вклучи“ црвениот аларм во Струмица и Скопје.
Иницијативата потекнува од Америка и е црвен аларм за индустријата за организација на настани. Милиони луѓе ширум светот привредуваат во оваа индустрија, а истата има значителен придонес во БДП на секоја земја. Особено е значајно културолошкото и социјалното влијание за населението.
https://www.facebook.com/eventindustryassociation/videos/3564547923576927/

