Богата културна програма ќе има во Куманово овој викенд. Најавено е второто издание на „Art Attack Festival“ во петок (09.10) со почеток во 19 часот на паркингот пред отворениот градски базен. Следниот ден на 10-ти октомври ќе се одржи „Гитаријада“ – Куманово 2020 на исто место во исто време.
Настанот е во организација на Фондацијата за култура и спорт „Куманово” – Куманово, под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово.

