Во прв ред

“Вечер со Клод Болинг” на 13-ти октомври во Домот на култура во Кисела Вода (Фото)

Во организација на Дирекцијата за култура и уметност – Скопје на 13-ти октомври во парк „Македонија“ (Дом на култура во Кисела Вода – Кино“) ќе се одржи концертот “Вечер со Клод Болинг”. Како инструменталисти на концерот на сцената ќе се појават: Стојанче Косовски – труба, Емилија Кабранова Филипова – пијано, Зоран Павлоски – контрабас и Филип Шурбевски – тапани. Концертот е дел од проектот: “Од центарот кон периферијата – Културата како алатка за социјален развоја”, поддржан од Град Скопје.

Програма на концертот:

Програма:
Claude Bolling
Toot Suite-Труба и џез пијано трио
-Allègre (C Trumpet)
-Mystique (E Flat Trumpet)
-Rag-Polka (B Flat Cornet)
-Marche (B Flat Piccolo Trumpet)
-Vespérale (B Flat Flugelhorn)
-Spirituelle (B Flat Piccolo Trumpet)

Стојанче Косовски е член и основач на камерните состави Македонски брас квартет и Балкан брас квинтет.
Емилија Кабранова Филипова од 2015 година настапува со триото „Ад либитум” со флејта и кларинет на повеќе манифестации и фестивали, а член е и на квинтетот “Pezzanov Piazzolla Project”.
Филип Шурбевски го создава “Езгија трио” специјализиран состав за чалгиска музика каде се редат бројни настапи во Македонија, Европа и САД. Од основање е прв тимпанист во оркестарот за филмска музика F.A.M.E.S. – Скопје.
Зоран Павлоски е прв контрабас во еминентниот камерен оркестар “Скопски солисти”. Покрај тоа, свири и на уникатен петжичен пиколо контрабас (chello-bass). Исто така, тој е и единствениот претставник од земјава во светски реномираното International Double bass society.

Влезот на настанот е слободен. Концерот ќе се одржи согласно протоколите за организација на настани во време на Covid-19. Согласно протоколот за организација на настани во време на Covid-19 задолжително е:
– носење на лична заштита на лицето (маска, марама, шал)
– задолжително одржување на физичко растојание
– задолжителна дезинфекција на раце на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација.

Музичкиот портал Музика24 како и секогаш досега, и овој пат е еден од медиумските покровители на настан организиран од страна на Дирекцијата за култура и уметност – Скопје.

Можеби ќе ве интересира: