Музика на кирилица

Димитар, Лозано и „Next Time“ добија благодарници од Бигорскиот манастир

Манастирот Св.Јован Крстител познат како Бигорски манстир, денеска го одбележа големиот јубилеј – 1000 години од основањето. По повод овој исклучителен јубилеј во Бигорскиот манастир денеска се одржа пригодна прослава. Покрај црковните церемонии и протоколарниот дел, на одбележувањето се доделија признанија на поединци со заслуги за манастирот.

На листата добитници на признанија се најдоа и неколку имиња од естрадата. Помеѓу нив дуото „Next Time“ и пејачите Димитар Андоновски и Влатко Лозаноски. Лозано, Димитар, Стефан и Мартин беа дел од неколку музички проекти на манастирот.

 

Бигорскиот манастир Свети Јован Крстител ја доделува оваа благодарница со голема благодарност и благословение, зашто возљубувајќи ја Светињата, пожртвувано се предаде на труд за нејзиното благолепие и евангелска мисија. – се вели во описот на признанието.

Можеби ќе ве интересира: