Ексклузивно и од прва рака ви пренесуваме информација дека нашиот познат македонски пејач Јоце Панов ќе снима дуетска песна со Александра Бучевац, една од напознатите балкански пејачи, ќерка на организаторот и сопственик на летниот фестивал за забавна музика “Сунчане скале”. Музика24 дознава дека автор на песната е Миро Бујан долгогодишниот соработник на Јоце Панов, а за време на овогодинешното издание на фестивалот ќе се случи промоцијата на новата песна и спотот кој што според најавите треба да се снима надвор од Македонија.
Инаку, најново од Јоце е тоа што тој на големо го подготвува својот нов албум со македонски народни песни кој е во завршна фаза, а во средината на месец мај ќе се снима концерт кој за потребите на македонската телевизија во Австралија ИНтв ќе се емитува на нивната програма.
Во меѓувреме Јоце се подготвува за голема промоција на новиот албум “Огнени печати” во Црна Гора, Подгорица која ќе се одржи за две недели во новата летна клуб – Клуб Велвет кој што се наоѓа под новиот мост на Мораца.
Подготви: Марија Поповска
