Компјутерите станаа нераскинлив дел од нашето секојдневние, но и неизоставен дел од работата на скоро сите професионалци. Ако некогаш сте се запрашале за што служат копчињата во горниот дел од тастатурата, еве го одговорот кој го баравте.
- F1 – Го отвора прозорецот за помош за скоро секој програм.
- F2 – Овозможува промена на името на документот или датотеката.
- F3 – Ја отвора опцијата за пребарување врзана за апликацијата која е активна во тој момент.
- F4 – Истовременото притискање на копчињата Alt и F4 го затвора активниот прозорец.
- F5 – Овозможува освежување на страницата или документот.
- F6 – Промена на курсорот кон полето за адреса во скоро сите Интернет прелистувачи.
- F7 – Овозможува проверка на правописните и граматичките грешки во апликациите на Мајкрософт, како што е Ворд.
- F8 – Ова копче овозможувало пристап на менито „Boot“ во Виндоус, во текот на гасењето на компјутерот.
- F9 – Овозможува освежување на документите во Ворд, како и праќање и примање електронска пошта во рамка на Аутлук.
- F10 – Го активира мени барот на отворената апликација. Истовременото стискање на копчињата Shift и F10 има иста функција како десен клик.
- F11 – Овозможува активирање и деактивирање на можноста за гледање содржини на цел екран во рамка на Интернет прелистувачите.
- F12 – Ја отвора опцијата „Save as“ во Ворд
