Музика на кирилица

Оперскиот пејач Игор Дурловски си даде оставка од функцијата пратеник

Оперскиот пејач Игор Дурловски кој на последните парламентарни избори ја предводеше кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во изборна единица 5, денеска објави дека се повлекува од функцијата.

„Националните интереси, правда за неправедно прогонетите и нормална држава за нашите деца беа/се мои приоритети. Пратеничката фотеља боде кога политичката прагма станува поважна од моралот. Затоа, го напуштам Собранието на Република Македонија, а на колегите од Коалицијата „За обнова на Македонија“ им посакувам истрајност, доследност, мудрост, којашто сум сигурен дека ја имаат“, напиша Дурловски на Facebook.

Фото: Огнен Теофиловски (СДК.МК)

Можеби ќе ве интересира: