Фестивали

И Македонија ќе учествува на Евровизија 2021

По откажувањето на Евровизија во 2020 година, 65-то издание ќе се одржи во арената „Ахој“ во Ротердам, Холандија. Двете полуфинални вечери ќе се одржат на 18-ти и 20-ти мај, а финалето на 22-ри мај следната 2021 година во организација на Европската радиодифузна унија (ЕБУ) и националните холандски телевизии „НПО“, „НОС“ и „АВРОТРОС“.

Мотото избрано за откажаното издание во 2020 година, „Отвори се“ (Open Up), ќе остане и за Евровизија 2021. Организаторите планираат три емисии во живо за публика од 180 милиони луѓе, дури и во овие тешки времиња. За целосно остварување на плановите организаторите подготвиле протокол кој го гарантира здравјето на вработените, учесниците, медиумите и се разбира посетителите.

Од 19 земји е потврдено дека учесниците кои беа избрани да се натпреваруваат во 2020 година, ќе ги претставуваат на натпреварот во 2021 година. И Македонија го потврди своето учество на Евровизија следната година. Васил Гарванлиев беше избран за македонски евровизиски претставник за 2020 година, но сеуште не е објавено дали Васил ќе не претставува и во 2021 година.

Можеби ќе ве интересира: