Во прв ред

Општина Куманово ги пренамени парите за концерти за да купи таблети за учениците

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, дал предлог до Советот на Општина Куманово парите кои се предвидени за новогодишниот концерт, украсување на градот и огнометот за прославата на Новата 2021 година да се пренаменат купување таблети и друга електронска опрема за следење настава на учениците од социјално ранливите категории. Концертот на градскиот плоштад по повод 11 Ноември –  Денот на ослободување на Куманово исто така нема да се одржи поради здравствената криза. Денот на ослободувањето ќе се одбележи скромно, а остатокот од парите ќе се наменат за истата намена.

Општина Куманово минатите години трошела околу 10.000 евра за настапи на регионални музички ѕвезди на плоштадот, дополнително уште 20.000 евра за украсување на градот.

Можеби ќе ве интересира: