Битолскиот пејач Сефедин Бајрамов на својот Фејсбук профил ја најави својата нова песна „Животот и јас“. Тој најавувајќи ја новата песна, истовремено спомена дека за истата заедно со веќе одбрана екипа го имаат снимено видео спотот кој како што и самиот вели, наскоро ќе биде промовирана пред македонската публика.
„Доцна денес, во еден убав предел на Јонско море, успешно заврши снимањето на спотот за мојот најнов сингл „Животот и јас“. Музиката и аранжманот се на Кире Костов, текстот на Валентин Соклевски, спотот е во продукција и режија на Дарио Јанковиќ, аудиото е снимено во студио „Анастасија“, тон мајстор е Љупчо Павловски. Заради околностите со пандемијата, промоцијата ќе биде на мојот YouTube канал на 3-ти декември 2020“, објави вчера Бајрамов на социјалните мрежи.


