Музика на кирилица

Македонската естрада со поддршка на кампањата #НосамМаска (ВИДЕО)

Македонската естрада ја поддржа кампањата #НосамМаска. Влатко Стефановски, Никола Перевски од „Нокаут“, Каролина Гочева, Тамара Тодевска и Ружица Милошеска – Брчиоска од „Ареа“ преку видео порака порачуваат дека носењето маска значи наскоро отварање на концертни сали, дружење со фановите, но и лична грижа, и одговорност за здравјето на другите.

“Секој еден од нас има одговорност за грижа за сопственото здравје, но и грижа за здравјето на своите најблиски. Носењето на заштитна маска, одржувањето на физичко растојание, како и честото миење на рацете, во моментов се единствените мерки кои може да го спречат ширењето на коронавирусот”, наведуваат од Министерството за здравство.

Можеби ќе ве интересира: