Магазин

Погледнете 25 божиќни филмови за 25 дена и добијте изненадувања (Видео)

Некој среќник што живее во САД ќе биде платен да гледа 25 божиќни филма за 25 дена. Хонорарната работа ја нуди веб-страницата за оценување производи „Ривјус“. Ќе биде избран еден кандидат што ќе ги гледа филмовите по сопствен избор. Веб-страницата ќе му додели едногодишна претплата на секоја од дигиталните платформи за филмови и серии, вклучувајќи ги и „Нетфликс“, „Хулу“, „Дизни +“ итн.

По гледањето на филмовите треба да се пополни кратка анкета за филмот. На крајот се добива надомест од 2.500 долари, како и бесплатната претплата за платформите. Може да се пријавуваат лица што имаат најмалку 18 години и имаат работна дозвола во САД. Од сите кандидати се бара да опишат зошто заслужуваат да ја добијат работата.

Пријавувањето трае до 4 декември. Официјалната веб-страница може да ја најдете овде.

25 Movies, 25 Days, $2,500 | Holiday Movie DREAM JOB

Можеби ќе ве интересира: