Тој живее во Париз, во градот каде што во 2017 година основа свој бренд за гардероба наречен „Royalty Paris”. Бренд кој како што самиот вели е заштитен со лиценца низ цела Франција и сега планира да го заштити и на меѓународно ниво. А во последните 3 години од својата професионална кариера Star Boy има снимено видеа од неколку европски градови како што се Париз, Амстердам, Брисел и Лондон кои можат да се погледнат на неговиот официјален Јутјуб канал „Royalty Records“. Тој за нашиот музички портал открива:
„Со музика започнав на возраст од 12-13 години, кога ја снимив мојата прва песна. Оттогаш, имам некаде околу 5-6. Подоцна, на 23-годишна возраст, решив професионално да влезам во овие води. Почнав да ја снимам мојата музика на српски и македонски јазик, за да може да се слуша пошироко и надвор од Македонија“, со овие зборови Star Boy ја започнува својата приказна. Македонецот чие всушност вистинско име е Ванчо, се обидува да направи интернационална кариера на музичката сцена.
„Пред да започнам да работам на албумот, излезе една трака на српски и француски јазик, која се издвојува од другите, се вика „Лете паре“ која достигна 150 илјади прегледи за 3 месеци. Албумот „Infinity“ беше започнат во Париз, подоцна доснимуван во Лондон и Загреб и конечно завршен во Македонија. Содржината на 8-те траки, карактеристична според името, има различен карактер. Тој е збир на настани од мојот живот во кои се содржани пресвртите, добивките и загубите во последните две години“, додава Star Boy за своето дискографско првенче.

Тој првата песна премиерно ја промовира на 23-ти ноември со наслов „Cash game“ („Кеш игра“) за која е снимен и видео спот и истиот е објавен на YouTube каналот на 2Бона GorillaTV. Како што вели самиот тој, втората трака е предвидено да излезе оваа недела, поточно на 6-ти декември, наречена е „Mad“ („Луд“) , исто така со видеозапис.
Од 8-те песни на албумот, предвидено е 4 од нив да бидат визуелизрани со видеозаписи. Третиот проект, од кој најсилниот се вика „Motorsport“, за кој веќе се снимаа дел од сетовите, се очекува да излезе на крајот од годината. Во овој проект, како специјален гостин се појавува легендата на македонскиот моторспорт Игор Стефановски-Иџе, а во истиот своја улога ќе има и македонската манекенка, мисица и модел Кристина Димитриевска.

„Имам свое студио каде ги снимам песните, имам и свој тим што се грижи за мојот маркетинг и секако спонзорите без кои моите проекти не би биле такви какви што се“ – порачува за крај Star Boy препорачувајќи да го проследите видеото за неговиот прв пилот сингл од албумот „Infinity“, песната со наслов „Cash game“ за која стиховите ги напишал самиот Star Boy, битот е на Taip on the Beat, миксот и мастерингот ги изработиле The Smoke House. Видеото го потпишува Владислав Гавриловски, светлото го изработил Љупчо Мастер Хип, додека фотографијата е на Венко Паркуера.
Во продолжение, уживајте!
https://www.youtube.com/watch?v=_AdmQmcAYaY&feature=emb_logo
