Балканленд

Почина Џеј Рамадановски

Во својата 56-та година почина познатиот српски турбофолк пејач Џеј Рамадановски. Toj потекнуваше од ромско семејтво од Ресен. Според српските медиуми срцето на Џеј откажало а обидите за реанимација на докторите не успеале. Како што изјави неговиот менаџер, тој повеќе време бил во лоша здравствена состојба но не бил заразен со Ковид-19.

Рамадановски пред 3 години имаше операција на срцето во Австрија. Во неодамнешно интервју, тој изјави дека е во строг карантин поради неговите здравствени проблеми и дека коронавирусот би бил фатален за него.

Можеби ќе ве интересира: