„Дали знае?“ е четвртата песна на скопскиот поп-рок состав „Fiction“. Новиот сингл го прати и видео запис составен од инсерти од секојдневието на бендот во изминатите години. Песната ги спојува звуците на поп-музиката од ’80-те и ’90-те години, со модерниот рок звук. Автор на текстот и музиката е гитаристот на „Fiction“, Виктор Захариев. Аранжманот го направија сите членови на бендот заедно.
„Fiction“ е во состав Петар Ѓуревски (вокал), Виктор Захариев (гитара), Филип Андонов (гитара) и Теодор Теодосиевски (тапани). Момците најавуваат и албум на кој се работи во моментов, а ќе биде издаден кога ќе се стабилизира состојбата со пандемијата.
