Премиера

Младите и талентирани „Ерихон“ ја објавија песната „Освојување/Ослободување“ (Видео)

„Ерихон“ е бенд од Скопје кој е составен во 2020 година од шест млади музичари ентузијасти кои се собираат да го остварат тоа. Тие пред неколку дена на ја објавија песната „Освојување/Ослободување“. Ова музичко парче е дел од нивниот прв албум кој претставува реинкарнација на византиската музика врз која се вметнати рок и пост-панк примеси и прогресии. Автори на музиката и текстот се членовите на „Ерихон“ продуцент е Горан Трајкоски.

Секој почеток е скромен, па така и овој. Еден неофицијален член од бендот им го овозможува својот дом да го претворат во мало студио од каде што се созадава и нивниот прв албум “Невечерен Ден’’. Најголема инспирација за тексовите е земена од македонската народна литература и темата на филмот. Овој проект нѐ вовлекува во новата ера на слободен дух и експериментализам за задржување на автентичното.

Можеби ќе ве интересира: