Премиера

24 Промо: Павле Камиловски – „Такт по такт“ (Видео)

Павле Камилоски вчера вечер во Музејот на Македонската борба го одржа својот предновогодишен концерт. На крајот на концертот беше промовиран спотот за неговата прва авторска песна. „Такт по такт“ е сингл во т.н. Боса нова стил, по кој е препознатлив Павле. Текстот е спој од проза и поезија, а го пишуваа Робин Зимбаков и Алек Русјаков. Автор на музиката и аранжманот е Роберт Билбилов. Како пратечки вокал се јавува Александар Тарабунов.

Песната „Такт по такт“ ја прати спот во кој филмски е претставена ода на љубовта. Режисер на спотот е познатиот Александар Ристовски – Принц, кој успева да креира визуелен приказ на романтичниот и доминантен перформанс на пејачот

Таа емоција и авангарда ја носи со себе познатата манекенка Маја Сашек, без која немаше да го добиеме овој резултат. Маја додаде една уникатна вредност на видеото и многу сум и благодарен на соработката за спотот“ вели Камилоски.

Можеби ќе ве интересира: