Познатата тв водителка и фолк пејачка Адријана Алачки, со емотивна порака на својот Фејсбук профил му ја честиташе свршувачката на својот син Благоја. Таа постирајќи ја пораката, објави и фотографија со прстенот со кој Баже ја запросил својата партнерка Лина. Таа меѓудругото напиша:
“Моменти за кои живееме, кои ни даваат смисол на животот… ерупција од емоции… како што доликува со сите нишани… да им е вечна љубовта, да имаат убав збор еден за друг, семејството да им биде столбот, слогата да им е секојдневие. Да бидат добар пример на своето поколение, како огледало да се огледуваат еден во друг… да им е полна куќата со дечиња… честитки деца мои златни! Од Бога да сте благословени”, напиша Алачки на својот Фејсбук профил.

И ние, од единствениот македонски музички портал Музика24, на младите им посакуваме пред се многу здравје, многу љубов, слога, мнооогу дечиња, и се она што ќе посакаат да биде реалност во нивниот заеднички живот.
