Познатиот битолски панк бенд „Паркети“ го промовираа новиот инструментален сингл „Tarantino Spaghetti“ кој ќе биде дел и од новиот албум кој ќе се промовира наскоро.
Песната е целосен производ на фронтменот Сашо Паркет.
„Паркети“ се формирани во 1991 година, една деценија по првиот бран на панк музикта. Првата постава ја сочинуваа Сашо Паркет, Славе Паркет и Себастијан Паркет. Познати се по своите настапи во живо, изгледот и смислата за хумор.
