Aлбанскиот пејач Шпат Касапи од неодамна е советник во Кабинетот на првиот вицепремиер Артан Груби. Триесет и петгодишниот тетовец Касапи инаку е син на поранешната пратеничката од СДСМ, Ѓумлсере Касапи. Неговата биографија што Владата ја достави на барање на БИРН, е многу кратка. Во биографијата, ангажманот кај Груби го пишува во идно време: „ќе ја извршува функцијата “советник за култура и општество”. Касапи, освен што завршил политички науки на Универзитетот ФОН, нема многу допирни точки со политиката. Минатата 2019-та година изјавил дека планира да влезе во политиката и да се кандидира за пратеник во Собранието.
Во доставената биографија му пишува и дека „учествувал на повеќе настани поврзани со промовирањето на културата во Република Северна Македонија, но и во регионот“, иако не е напишано за какви настани станува збор. Освен македонски и албански, Шпет говори и англиски и турски јазик. Многу пообемна е биографијата на Шпaт на Википедија, каде што пишува дека ја почнал музичката кариера од мали нозе, учествувал на многу музички фестивали, а освојувал и награди. Освен во Македонија, настапувал и во Албанија. На неговиот канал на „Јутјуб“ има објавено осум песни за кои се изработени спотови, последниот е од пред четири месеци.
Извор: prizma.mk
