Балканленд

Далас рекордс ги издаде новите албуми на Нина Краљиќ и „Павел“

Престижната дискографска куќа Далас рекордс од Хрватска предпразнично ги промовираше новите албуми на Нина Краљиќ и Павел.

„Ennui“, во превод меланхолија, замор од светот, е новиот студиски албум на хрватскиот бенд „Павел“. На новиот албум се потпишува Златко Гал, а ќе најдете елегични и богато оркестрирани теми достојни за филмско платно, меланхолични теми кои со својата атмосфера водат кон светлината на шеесеттите години. Албумот содржи вкупно 13 песни, од кои досега веќе се претставија како синглови „Само да јутро не дочекам сама“, „Сунце“, дуетот со Теди Спалат – „Не дај на нас“, „Бијела једра“ и најновиот сингл „Добри се забораве“. Повеќето песни веќе го освоија радио етерот и националната топ-листа на најемитувани синглови.

„Чувај ме“ е втор студиски албум на разноврсната и гласовно вонсериска музичарка Нина Краљиќ. Песните за овој доминантно поп албум со  етно елементи е сниман во последните две години. Сите нумери, Нина веќе ги презентираше како синглови, освен новата песна „Слијепа улица“, која ги обединува сите претходни синглови како целина на дигиталното издание „Чувај ме“. Леснотијата на слушање и брилијантните вокали на Нина Краљиќ се главните детерминанти на овој албум, на кој таа соработува со бројни автори како Аљоша Шепиќ, Марко Матијевиќ – Секул, Мартина Жунеца, Инес Прајо, Саша Марковски, кои ги пренесоа емоциите и атмосферата на песните на најдобар начин со вокалот на Нина. На албумот има и две дуетски песни, и тоа со Марина Јуриќ – „Зима“ и соработка со Жак Худек на песната „Чиста умјетност“.

Можеби ќе ве интересира: