Премиера

Бојана со „Круна“ се враќа на естрадата (Видео)

Пејачката и водителка Бојана Скендеровски – Атанасовска по долга пауза објави нова песна. „Круна“ е нешто сосема друго, нов музички правец за кој е заслужен еден од најдобрите композитори во нашата земја, Николче Мицевски, а автор на текстот е Сара Пројковска. Песната го носи името „Круна“ бидејќи како што вели Бојана, нејзините деца се круна на нејзиниот живот.

„Да бидам искрена не беше лесно да се избере песна, бидејќи ова е мое враќање на македонската музичка сцена, ако може да се каже така и сакавме со Николче да биде нешто навистина одлично. Преслушав и доста други песни од други композитори, но највеќе верував дека ова е песната со која треба да се вратам“, вели Бојана.

Новата песна ја прати и видеоспот сниман од семејната продукција „Скендеровски“, кој се снимаше на неколку локаци во Скопје, а се појавуваат и децата на Бојана – Искра и Ѓорѓи.

Можеби ќе ве интересира: