Премиера

После 4 години нова песна на Хари Мата Хари (Видео)

Еден од најпопуларните пејачи во регионот ќе ја воодушеви својата публика со нови ноти и стихови за време на сезоната на празници.

„Ова е подарок за Нова година и мило ми е што сите за заљубени ќе можат да уживаат во оваа песна и нека, на некој начин, зацртаат подобра, претстојна година“, изјави Хари.

Воведните тонови и суптилните кадри сугерираат дека станува збор за балада, која сигурно ќе ги освои срцата на слушателите, а Хари објасни дека оваа песна потекнува од душата, и дека ги рефлектира препознатливата естетика и емоција кога станува збор за неговата музика. И не само музиката, туку и визуелната интерпретација на песната е суптилна, спотот е снимен во Белград, а минималистичките елементи ги постави во центарот една балерина што претставува девојче и пренесува љубовна приказна во која актерот вели:

„Ја нисам сам што немам никог, ја сам сам што немам тебе“.

Hari Mata Hari - Ja Sam Sam Što Nemam Tebe (Official video)

Можеби ќе ве интересира: