После неодамнешниот прв сингл „Срцето мое тука чука“, кој предизвика огромен интерес кај македонската јавност и доби многу позитивни критики, Никола Зацески и неговиот тим, во овие празнични денови ни подаруваат преубав поклон, втор сингл со наслов „Мојот пат“. Автор на музиката и аранжманот е Николче Мицевски а автор на текстот е Борче Нечовски.
„Огромна Благодарност до целиот тим кој работеше со голема посветеност на овој проект, огромна Благодарност и до сите мои роднини и пријатели за поддршката. Посебно би ги издвоил сите мои фанови кои после првиот сингл ми возвратија со неверојатна позитивна енергија и љубов. Љубовта за мене е основната инспирација и мотивација и од таму произлезе и мојот втор сингл „Мојот пат“. „Мојот пат“ е едноставен, искрен со чиста љубов и од срце. Се надевам дека во овие лоши моменти барем за малку ќе го исполни и Вашето срце со љубов и позитивна енергија“, вели Никола за новата песна.
