Пејачката Андријана Јаневска за крај на 2020-та година, пред само неколку дена ја промовираше песната „Летај“, чии е целосен автор. Песната е снимена во студио “Гиновски”, а за потребите на истата Андијана ја отсвире виолината, додека Драган Гиновски ја отсвире соло гитарата
„Песната е посветена на мојата мајка Нада, која за жал физички не е повеќе до мене, но секојдневно е присутна во мојот живот. Оваа година беше тешка за сите, но најтешко им беше на оние кои останаа без своите најмили. Тие се нашите бели птици, сакани од овде до вечноста“, вели Андријана.
Ова е една од оние длабоко емотивни песни кои слушајќи ги сакале или не ќе пуштите солза. Во продолжение, со задоволство ви предлагаме да ја преслушате најновата песна на Јаневска, а истовремено, да го погледнете одличниот спот кој само се надополнува.
Уживајте!
