Премиера

Тијана ја преработи „Шта то беше љубав“ од Оливер Драгојевиќ (Видео)

Популарното српско радио – Радио С, денеска ја објави преработката на познатата песна „Шта то беше љубав“ од Оливер Драгојевиќ, во изведба на Тијана Дапчевиќ. Преработката е дел од проектот „Ѕвезде певају ѕвезде, нов екс-ју звук“, кое ова радио го работи веќе неколку години.

„Ова е една од најубавите и најскапите песни на Оливер. Таа е исто така една од моите десет омилени домашни песни. Патем, не знаев и се срамам од тоа што  не знаев, а пред неколку дена дознав дека оваа песна ја напишале Марина Туцаковиќ и Александар Радуловиќ – Фута. Бев убедена дека е друг тим во прашање, и во оваа прилика би сакал да ги поздравам Марина и Фута. Среќна сум што овој проект завршува со мене и со оваа песна“, изјави Тијана за српските медиуми.

Tijana Dapcevic - Sta to bese ljubav (Official video) 2020 - ZVEZDE PEVAJU ZVEZDE NOVI EX YU ZVUK

Претходно оваа година, како дел од проектот беа снимени преработки на песните „Гинем“ (на „Магазин“, во изведба на Џејла Рамовиќ), „Годинама“ (на Дино Мерлин и Ивана Банфиќ, во изведба на Ивана Петерс и Давид Темелков) и „Далеко“ (на Борис Новковиќ и Кемал Монтено, во изведба на Игор Симиќ).

Можеби ќе ве интересира: