Вчера вечер, на Нова година, легендарниот српски фолк пејач Предраг Живковиќ – Тозовац одлучи да го изговори своето судбоносно “да” на својата долгогодишна партнерка Емилија. Тозовац и Емилија се во врска и заедно живеат повеќе од 40 години. Веста на социјалните мрежи придружена со честитки, ја објавија нивни пријатели кои беа меѓу малкумината присутни.
“Жена ми, можам да кажам жена ми, и јас со право кажувам жена затоа што таа е вистинската жена за мене, затоа што сум поминал скоро половина од мојот живот со неа. Таа е многу трпелива, таа е добра мајка, добра пријателка, имаме внука, па затоа е добра баба. Но, пред сè, таа беше само пријател и поддршка во мојот живот. Јас сум Водолија, таа не може сама. Еднаш сонував дека умре. Така во сон ја гушкав и лелекајќи на сон гласно викав: Зошто ме оставаш, со кого да живеам сега? Тоа е најискрената реченица што мажот ја изговара во сон”, изјави Тозовац претходно.
