Премиера

Бертан и пее на Тамара “Дамла, дамла” (Видео)

Познатиот турски музичар, пејач и продуцент Бертан Аслани, кој уште го паметиме по големата љубов со Тамара, вчера на својот официјален YouTube канал го промовираше своето најново видео “Damla, damla” или во превод “Капка, капка”. Спотот кој што е во црно-бело издание е комплетно снимен и реализиран во Турција, Истанбул.

Роберт Билбилов кој работи на новиот албум на Бертан, на својот фејсбук профил напиша дека ова е нешто на кое што заедно со Бертан имаат работено цела година и дека едвај чека и другите песни од албумот да излезат и јавноста да може да ги чуе. Инаку, текстот за “Damla, damla” го напиша Ахмет Куртис, музиката и аранжманот се на Бертан и Роберт, додека дечките од Брос Ексклузив продукција се погрижија видеото да изгледа како што изгледа.

Ексклузивно ве информираме дека Бертан заедно со Мерт неговиот брат се во Турција каде најверојатно се одмораат за време на првомајските празници. Наскоро ви најавуваме и интервју кое ќе имате можност ексклузивно да го прочитате на музичкиот портал Музика24. А во продолжение погледнете го новото видео од Бертан, дали песната е посветена на Тамара… тоа наскоро ќе го дознаеме!

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: