Балканленд

Почина Селма, жената за која беше напишна култната рок-балада на „Бијело дугме“ (Фото+Видео)

Селма Бориќ, која беше инспирација за култниот хит „Селма“ на „Бијело дугме“, почина во Хрватска на 92-годишна возраст. Селма беше инспирација за Владо Дијак, кој ја напиша една од најубавите рок-балади и ја посвети на жената во која беше заљубен, без никогаш да и признае. Затоа реши да ги претвори своите чувства во стихови што ги отпеа Жељко Бебек, а песната стана голем хит во поранешна Југославија.

Селма Бориќ го запознала Владо Дијак кога имала 16 години, а во едно интервју се осврна на нивната посебна врска, сеќавајќи се на убавите моменти кога отишла на факултет и зад себе го оставила Владо без да знае за неговите емоции.

Можеби ќе ве интересира: