Македонскиот евровизиски претставник за 2020 и 2021 година, Васил Гарванлиев, ја објави својата нова песна „СудБина“ со која го најавува истоимениот албум.
„Родени голи, сè друго е Суд и Бина. Овој пат приказната на спотот ја раскажав јас“, вели Васил, кој се јавува и во улога на режисер на спотот. Автор на музиката е Александар Јовевски, текстот е на Давор Каракашев, видеото го изработи Ѓорѓи Вацев, кореографија е на Ивана Балабанова и Битрикс.
