Балканленд

Кроација рекордс го објави концертот на Сергеј Четковиќ во Арена Загреб на Blu-ray и ЦД (Фото+Видео)

Сергеј Четковиќ, една од најголемите регионални поп-sвезди, одржа прекрасен концерт на 14-ти февруари 2020 година во распродадената Арена Загреб. За време на двочасовниот концерт, Сергеј ги изведе своите најголеми хитови, а снимката од концертот на 12-ти февруари ќе биде објавена на Blu-ray и двојно ЦД. Како и минатата година, Денот на вљубените и оваа година ќе биде посветен на Сергеј. Изданијата во моментов може да се нарачаат преку веб-продавницата Кроација рекордс, а веќе можете да уживате во 28 песни на сите платформи за стриминг.

Сергеј на 14-ти февруари минатата година ја однесе распродадената Арена Загреб на романтично патување, ја заведе публиката со своите стихови и им пружи на сите прекрасно концертно искуство. На радост на обожавателите на Сергеј, издавачката куќа Кроација рекордс одлучи да го објави концертот на носачи на звук и сите стриминг платформи.

Сергеј со песната „Очи никад не старе“ го отвори концертот, а после тоа изведе цела низа свои хитови, од „Не живим ја“ и „Нек те љубав дочека“ преку „Мој Свијет“ и „Пола мог свијета“  до последно изведената „Погледи у тами“. Миксот, мастерингот и музичката продукција ги потпишува Горан Мартинац (Кроација рекордс студио), насловната фотографија е дело на Катарина Баниќ, додека уметничкиот дизајн е потпишан од Ана Лукетин Фаренвалд.

Можеби ќе ве интересира: