Премиера

„Кербер“ со нова песна го започнаa одбележувањето на 40-годишниот јубилеј (Видео)

Во јубилејната 40-та година, рок групата „Кербер“ премиерно го претстави новиот спот за песната „Бестрага све“. Горан Шепа, фронтменот на „Кербер“, со своите колеги од бендот го освежи сеќавањето на многумина со новата песна „Бестрага све“. Музичките познавачи се задоволни, коментарите на оние што го погледнаа видеото се претежно за пофалба.

Автор на музиката е Томислав Николиќ, а текстот за „Бестрага све“ е напишан од Никола Шутурило. Сценариото за спотот е напишано од Милош Петковиќ, режисер е актерот Милош Цветковиќ, а продуцент е Андрија Кузмановиќ. Во улогата на Богородица се појавува Петра Нешиќ од Академскиот театар.

Можеби ќе ве интересира: