На иницијатива на Драган Илиевски – Вршац, татко на македонската поп-ѕвезда Влатко Илиевски, промовирана е уште една необјавена песна на никогаш непрежалената македонска ѕвезда, со наслов „Со тебе најдов среќа“. Песната е дело на Кристијан Габровски, а истата е промовирана како најава за албумот со необјавена песни на Илиевски, кој наскоро ќе биде промовиран.
