Смртта на Балашевиќ го потресе неговото семејство, но и многу негови пријатели, колеги, познаници и сограѓани. Одличниот кантавтор не напушти на 67-годишна возраст, а граѓаните се собраа во центарот на Нови Сад да му оддадат почит. Градското собрание е во темница, и многумина дојдоа и запалија свеќи и донесоа цвеќиња и на тој начин се збогуваа од Балашевиќ.
Да потсетиме, Балашевиќ беше примен на Инфективната клиника пред три дена, каде се лекуваше од пневмонија. Пред неколку дена, извор близок до семејството откри дека кантавторот се чувствува добро и се шегувал со лекарите, сепак, според последните информации, славниот војводанец починал на Клиниката за инфективни болести во Нови Сад.
Балашевиќ е роден на 11 мај 1953 година во Нови Сад. Зад себе ги остави сопругата Оливера, ќерките Јована и Јелена и синот Алекс.


