Музика на кирилица

Дарко Димитров дел од евровизискиот тим на „Hurricane“ (Видео)

На крајот на ноември минатата година беше објавено од РТС дека „Hurricane“ ќе бидат српски претставник на Евровизија 2021. И покрај тоа што се очекуваше дека песната што „Hurricane“ ќе ја изведе на натпреварот ќе ја избере публиката, тоа не беше официјално потврдено и локалните медиуми почнаа да пишуваат дека песната е веќе избрана интерно.

Вчера на социјалните мрежи беше и официјално објавено дека нема да има фестивалски избор и дека песната на Сања, Ивана и Ксенија ќе биде дело на Немања Антониќ, кој беше композитор на „Хаста Ла Виста“ и македонскиот продуцент Дарко Димитров.

Ова нема да биде првпат „Hurricane“ и Дарко Димитров да соработуваат, тие претходно соработуваа за хит-песната „Фаворито“.

Дарко Димитров има богато евровизиско искуство како дел од авторите на евровизиските песни: „Proud“ на Тамара Тодевска,  „Lost and Found“ на „Eye Cue“, „To the sky“ на Тијана, „Пред да се раздени“ на Есма и Лозано, „Нинанајна“ на Елена Ристеска, албанските песни во 2015 и 2020 година, српските песни од 2018 и 2019 година.

Можеби ќе ве интересира: