Нашата тpансpодова пејачка Фифи Јаневска сподели фотографија со која пријатно ги изненади оние што ја следат на социјалните мрежи. Пред да се пресели во Стокхолм, пошироката јавност ја запозна Фифи во регионалното шоу за музички таленти “X Factor”. Уште тогаш изјави дека нејзината кариера вистински ќе започне кога целосно ќе ја заврши транзицијата и кога ќе ја направи операцијата за прилагодување на полот.
“Ослободете се од предрасуди. Оставете секој човек да биде тоа што сака да биде. Немојте да живеете во ограниченост и црно-бел свет. Многу е поубаво и човековата душа е поисполнета кога прифаќаш сѐ, живееш во свет кој ги опфаќа сите бои и се радуваш на сечиј успех. Сите сме луѓе, сите сме исти”, напиша таа во една прилика на нејзиниот профил на „Фејсбук“.

