Во прв ред

Британскиот трип-хоп музичар Трики со концерт во Скопје

Легендарниот британски трип-хоп музичар Трики ја објави целосната листа на датуми за својата есенска европска турнеја, во која што се наоѓа и Скопје како еден од датумите и градовите каде овој познат музичар би требало да одржи свој голем концерт. Секако, ако дозволат условите и се биде во ред, тој концертот ќе го одржи на 7-ми октомври.

Тоа би претставувало второ гостување на Трики во Македонија, откако во декември 2014-та беше дел од фестивалот “Таксират” на Скопски саем. Инаку, 53-годишниот музичар важи за пионер на трип-хопот и од 1995 има објавено 14 студиски албуми. Најновото издание му е „Fall to Pieces“ од септември минатата година.

Можеби ќе ве интересира: