Премиера

Музика во книга: Откриј се што сакаш да знаеш за лошата девојка на поп-музиката

Оваа среда во рубриката „Музика во книга“, Ви ја претставуваме биографијата на “лошата девојка“ на поп-музиката. Били Ајлиш го погоди светот на музиката како бура. Од нејзиниот уникатен звук до стилот на девојка со став, Били навистина е една и единствена. Музичкиот магазин „Ролинг стоун“ ја оцени како девојка која прави триумф на „невообичаеното“, додека весникот „Њујорк тајмс“ ја етикетираше како поп-ѕвезда која излегува надвор од рамките на веќе виденото.

Биографијата на девојката која ненадејно ја презема и редефинираше светската поп-сцена, Били Ајлиш, дело на Сали Морган, веќе е преведена на македонски јазик и издадена од издавачката куќа Арс Ламина. Оваа книга е спакувана со фантастични факти, одлични совети и информации но и сите нејзини ставови за музиката, но и за животот воопшто.

Оваа книга содржи и страници на кои ќе можете да испишете податоци за Вашите соништа, да напишете стихови со моќна порака, но и да дизајнирате облека од Вашиот уникатен стил. Кога ќе завршите со читање, покрај споменатото ќе најдете тест „Колку добро ја знаеш Били?“. Откако ќе го проверите своето знаење, продолжете да читате уште малку затоа што следуваат мудри совети на Били, како да останете свои.

Биографијата на Били Ајлиш е достапна за нарачка на веб-страницата literatura.mk и во книжарниците на „Литература“ во Скопје и Битола. Кои се наоѓаат во Т.Ц. Буњаковец, ГТЦ, Веро Центар, Сити мол, ул. „Македонија“ во Скопје односно на Широк сокак во Битола. 

По повод Меѓународниот ден на жената, од денес (03.03), Арс Ламина заедно со другите издавачки куќи кои се дел од Македонска асоцијација на издавачи ќе бидат дел од „Денови на книгата” – саемот на книга кој се одржува во Skopje City Mall, на приземје. Саемот на книга ќе работи секој ден до 21 часот, се до понеделник (8-ми март). Побарајте го саемски штанд на Арс Ламина и одберете си нови и возбудливи изданија со попусти до 60%.

Можеби ќе ве интересира: