Еден од кандидатите во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ направи вистински хаос меѓу членовите на жирито. Јелена Карлеуша жестоко го бранеше и го поддржуваше 17-годишниот Иван, додека Вики Миљковиќ постојано и зборуваше паралелно со неа и ја попречуваше. Вики почна да вика посилно и да објаснува, зошто според неа, момчето лошо пее, па ја Карлеуша и дојде преку глава ваквото однесување.
“Ќути веќе, кокошко аман. Да му еб*м мајката, замолчи веќе”, полуде Карлеуша и фрли шише вода кон Вики. Но, фолкерката и по ова не запре, па Јелена мораше да истури вода врз неа. За жал видеото не може да го погледнете бидејќи е одстрането од YouTube поради кршење на авторски права.

