Балканленд

“Балашевиќ како да повлече нога“: Тозовац примил две дози од вакцина, па фатил корона

Предраг Живковиќ Тозовац (85) вчера бил примен во ЦБЦ „Драгиша Мишовиќ“ во Белград поради корона и пневмонија, а како што се дознава претходно примил вакцина против коронавирусот. Српскиот фолк пејач има пневмонија, а претходно примил две дози од вакцината – вакцина и ревакцинација. Тозовац бил ревакциниран пред седум дена. За српски Ало, тој изјавил дека очекува наскоро да биде пуштен од болница.

“Не да се надевам, веќе цупкам во место и го чекам моментот кога лекарите ќе ми кажат дека може да одам. Оптимиста сум и верувам во Бога, не е дојдено моето време да одам од овој свет”, рекол еден од најпопуларните пејачи на народна музика и додал дека многу го потресла смртта на колегата Ѓорѓе Балашевиќ, кој почина од корона.

“Многу ми е жал за него, ама Балашевиќ како да повлече нога… Се надевам дека што побрзо ќе го победам ова зло, јас не паметам дека нешто слично се случило”, порачал Тозовац за Ало.

Неговото семејство претходно беше погодено од трагедија, кога мајка на неговата сопруга Мима, почина пред околу две недели. На 92-годишна возраст ја изгуби битката со коронавирусот.

Можеби ќе ве интересира: