Коронавирусот ги откажа сите концерти и фестивали за 2020 година, но по се изгледа иста слика ќе биде и оваа. Пејачот Дино Мерлин поради пандемијата ги одложи сите концерти и настапи од годинава за 2022 година.
“Тогаш може да почнеме да размислуваме за турнеи. Се надевам дека ќе се вратат старите времиња кога ќе биде можно да се полнат арени и стадиони”, изјави Мерлин за емисијата „Во свој филм“. Тој воедно додаде дека после земјотресот во Хрватска му било страв да преноќува во својот стан и тоа конечно го сторил дури сега.
“Синоќа, по долго време, спиев во мојот стан затоа што, исто така, некако ги разбирам тешкотиите што ги претрпеа луѓето во Загреб поради земјотресот. Имам стан во Доњи град, мојот стан беше оштетен и требаше една година да се поправи. Но, тоа не е ништо во споредба со она што го претрпеле другите луѓе. Сепак, добрата вест е што по толку време, повторно спиев во мојот стан и се чувствував добро”, рече Мерлин.
