Балканленд

Во среде пандемија “Црвена јабука” одржа два концерти во Белград (Видео)

Како што пишуваат српските медиуми, во среде пандемија, познатата босанска и балканска група “Црвена јабука” на 8-ми и 9-ти март одржаа два концерти во балградската „Комбанк арена“. Многумина се налутија и реагираа бурно, бидејќи во Србија од неодамна има рестрикции, а се најавува и целосно затворање на земјата поради ширање на коронавирусот и новите соеви кои за жал се насекаде околу нас.

„Ова е навреда и непочит кон сите доктори“, „Дали во земјата Србија некогаш нешто било нормално? Сите знаеме дека одговорот е не, така што – што е чудно?“, се дел од коментарите на „Твитер“. Таму се појави и видео од концертот. „Дали вие се шегувате со нас?“, стои во пораката.

Неколку дена пред нив, концерт одржала и Ивана Петерс, некогашната пејачка на „Тап 011“ и „Негатив“. Во Белград се најавуваат и концерти на Џенан Лончаревиќ, Рамбо Амадеус и други музичари.

Можеби ќе ве интересира: