Магазин

ТВ водителот Миро Кацаров замина од естрадниот магазин “Бекстејџ“, ќе има своја емисија на ТВ Канал 5

Нешто ново, необично, кое може да се сретне само по оние вистински странски телевизии, најчесто кај Италијанците, тие се тата-мата за забавни шоу програми. Ова ќе биде тоа, ама на наш македонски начин! Иако звучи нескромно, нема да се пишманите ако бидете со нас секоја сабота и недела на ТВ Канал 5 во вечерниот термин.

“После долги седум години дојде време за телевизиска промена”, така вели познатиот македонски ТВ-водител (и тв-новинар) Миро Кацаров. Тој заминува од естрадниот магазин “Бекстејџ“ и од ТВ Телма и доаѓа на фреквенцијата на ТВ Канал 5, која според него е најгледаната македонска ТВ. Зад Кацаров остануваат многу снимени ТВ-прилози, многу настани, многу интервјуа со многу познати личности. Но Миро ветува дека сето тоа ќе има продолжение со новата екипа на соработници во новата естрадна ТВ-емисија. Ама, од април месец на ТВ Канал 5. Единствено не кажува за каков негов (финансиски) трансфер станува збор? Само кусо додава дека така е тоа “кога срцето и разумот заедно ти го кажуваат тоа, тогаш ти си на вистинскиот пат, па затоа преземав чекор каде ќе ни се разделат патиштата.

“Некои медиуми  да престанат да шират дезинформации за тоа дека сум се скарал со екипата на “Бекстејџ“. Тоа не е точно”, вели Кацаров за весникот ВЕЧЕР/vecer.press  Едноставно, се презаситивме едни од други, јас имам други идеи, тие некои свои и сега секој си продолжува по својот пат.

Само за ВЕЧЕР откриј ни ги деталите за новото естрадно македонско ТВ-шоу?

“Секако, со задоволство. Од ТВ Канал 5 ми се понудени одлични услови за професионална работа. Секако дека ги прифатив. Со мене е одлична екипа на соработници колеги, тука е и атрактивната Ведрана Ѓорѓевиќ која се враќа на малите екрани. Јас сум уредник и оној што го има осмислено целиот проект.

“Македонија е единствената земја во регионот која не врви со естрадни ТВ-емисии, нема таблоидни весници, нема гламур забави… светските ѕвезди најчесто нè игнорираат?

“Тоа е точно. За возврат имаме премногу политички емисии, ние сме нација која е премногу оптеретена со политика која е влезена во сите пори од нашиот живот. А треба да е обратно, музиката насекаде да ни е присутна. Додуша, сега не се такви времиња за пеење, свадби, концерти, журки, за промоции и фестивали, но и короната како и секоја инфекција ќе помине, а што потоа?”, прашува Кацаров.

Преземено од Вечер Прес

Можеби ќе ве интересира: