Саша Ковачевиќ, еден од најпознатите пејачи од соседството и еден од најчестите гости кај нас, нема проблем да признае дека ја сака македонската публика, а вели дека хемијата со неа му се случила уште на првиот настап.
„Се после тоа е историја“, вели, и додава: „Кај вас секогаш ми е драго да се враќам, се чувствувам као свој на своето“.
Признава дека во кариерата се трудел да нема промашувања кога се песните и видеата во прашање, иако му се случувало да има ограничен буџет. Вели, не пишува за други зашто енергијата сака да ја чува за себе, иако порано со брат му знаеја да „пуштат“ по некој хит за колега или колешка. Угостителството во ова време-невреме кога нема настапи не му помогнало многу, зашто и тоа претрпело сериозен удар.
“Нешто се поместува, но искрено да отворев аптека сега, веројатно, ќе правев уште еден ресторан ха, ха, ха, признава Саша и додава дека откако е во врска со Зорана речиси и му ставил точка на ергенскиот живот.
Имам 35 години и се чувстувам некако најзрело до сега и верувам дека и бракот брзо ќе се случи, признава Саша.
Кога се во прашање интервенциите за разубавување и шпекулациите на оваа тема кои го следат со години признава дека нема против нив, но досега не правел ништо на себе и за изгледот им е благодарен исклучиво на гените кои ги наследил од своите родители.
“Би сакал да снимам песна на македонски јазик, себеси се доживувам како да сум домашен кај вас. Можеби не зборувам како што треба, но би сакал да се оддолжам на македонската публика”, рече Саша, а еве што уште откри на темата омилено македонско јадење.
