Со реакција за спорниот кадар во евровизискиот спот за кои први пишувавме, а може да прочитате ТУКА се огласи и изведувачот на песната Васил Гарванлиев.
“Иако со евровизискиот спот имав желба да прикажам ништо друго, освен музика и уметност, навистина ми е жал поради погрешната интерпретација на делото на нашата позната уметница Жанета Вангели. Никој инволвиран во реализација на видео записот ниту пак претставници од наведената институција намерно не интервенирал во уметничката постановка на Националната галерија Даут Пашин Амам, за што и од самата галерија се изјаснија дека делото на ваков начин е изложено повеќе години. За да нема дополнителни негативни импликации и погрешен приказ на ова уметничко дело, одлучивме да ги отстраниме кадрите кои се однесуваат на него. Благодарам на огромната поддршка која ми ја упатувате овие денови и верувате во мојата искрена намера.
Јас повеќе од 20 години пеам и ја претставувам Македонија и македонското знаме така и ќе остане”, се вели во реакцијата на Гарванлиев.

