Македонскиот спот за Евровизија ќе биде симнат од официјалниот YouTube канал и ќе биде заменет со нов – во коишто нема да ја има уметничката слика во боите на бугарското знаме, која предизвика бурни рекации во македонската, но и во бугарската јавност.
Според нашите извори веќе се работи на новиот спот во кој трееба да биде изваден инсертот со поставката. Конечниот збор за замена на стариот со нов спот ќе го даде организаторот на Евровизија. Ова следува откако македонската јавност го виде видео спотот на Васил Гарванлиев снимен во Даут Пашиниот Амам во Скопје, во кој меѓу останатите уметнички дела се гледа и делото со потпис на Жанета Вангели под наслов „Омаж на Андреј Рубљов“.
Делото е изработено во триптих техника, a редоследoт на боите се бела, црвена и зелена. Во спотот на нашиот претставник на Евровизија, може да се види дека е направена промена во редоследот на боите, па делото добива нова диманзија во бела, зелена и црвена боја, која наликува на бугарско знаме поставено во вертикална положба.

Од уметничката галерија веќе изјавија дека се работи за триптих дело, кои дозволува да се прави промена на трите делови од уметничката целина. Пред спотот на Гарванлиев, Даут пашиниот амам се молерсувал, по што редоследот на боите била променет. Телевизија24 ја контактираше и уметничката Жанета Вангели која не сакаше да коментира.
„Немам коментар, Без зборови сум”, изјави Жанета Вангели. Се огласи и ПР тимот на музичарот Васил Гарванлиев околу новонастанатата ситуација.
„Ја следиме ситуацијата која настана по објавувањето на видео-записот. Наскоро, ќе излеземе со официјално соопштение за јавноста и медиумите”, изјави ПР тим на Васил Гарванлиев.
Дел од уметниците велат дека уметничките дела – како поставки мора да останат во оригинална форма. Инаку, боите на уметничката слика, освен во бугарското знаме ги има и во националните знаминња на други земји. Оваа тема беше акцентирана и во бугарските медиуми.
Преземено од Тамара Дичоска / ТВ 24
