Во интервју за “Wiwibloggs”, eвровизиски канал на YouTube, македонскиот претставник на Евровизија, Васил Гаванлиев, кажа дека освен македонско, има и бугарско државјанство. Во моментот кога водителот му вели:
”Вие сте државјани на Македонија, и ….”, Гаванлиев продолжува и вели: “ и Бугарија…”.
Во интервјуто водителот го прашува: “Па како имате бугарски пасош?”,а Гаванлиев одговара: ”Далечен роднина на мојата баба е роден… Струмица е многу блиска до бугарска граница, јас сум од тој дел на државата, па ете како”.
Интервјуто со Гавранлиев е објавено во февруари 2020 година.
