Балканленд

Нина Бадриќ подготвена за нова работа – копање компири

Хрватската пејачка Нина Бадриќ истакна дека идејата за копање компири станува се’ поприфатлива земајќи предвид дека поради пандемијата на коронавирусот веќе една година не работи и не настапува. Таа во јули минатата година испрати апел до властите да им дозволат музичари да работат, по што доби понуда од една жена да дојде да копа компири на нејзината нива за 300 куни на ден.

Поп-пејачката тогаш ѝ одговори на жената дека не е убаво да ѝ се „ситиме“ на туѓата мака, но изгледа во меѓувреме се премисли и ја сврте плочата, што би се рекло. Нина на својот инстаграм-профил потсети дека поминала една година од „принудниот одмор“, и откри дека „идеја за копање компири е една од сериозните понуди за работа“.

“Една година принуден одмор. Се снимаат нови песни, има многу планови во мојата глава, но музиката и изведбите се ирелевантни и забранети во моментот. Идејата за копање компири сè повеќе ми ветува (ако има повеќе такви понуди за работа, само дај, нема да ми наштеди)“, напишала Бадриќ.

Можеби ќе ве интересира: