Јелена Карлеуша повторно ја отвори темата дека музичарите не работат цела година поради пандемија и немаат приходи. Јелена е лута поради моменталната состојба, но им замерува и на своите колеги, големите sвезди, кои молчат за помалку популарните колеги, кои работат за 50 евра и од тоа го издржуваат своето семејство.
“Да бидам искрена, можам да ви кажам дека големите музички sвезди не кажаа ниту еден збор за поддршка на важни членови на нашиот бизнис, а тоа се музичарите, оние кои работат за 50 евра цела ноќ и ги хранат своите семејства”, започна Јелена.
“Разбирам дека sвездите имаат многу пари, затоа немаат образ да се жалат, бидејќи би било лицемерно, но и оние кои не се sвезди, немаат ниту еден динар веќе една година”, напиша пејачката.
“Тие се дел од луѓето кои се најмногу погодени од ситуацијата! Зошто секогаш јадам г*мна и се фрлам во оган додека сите молчат? До кога јас ќе бидам единствена? За што ми треба? Јадете сите бре!”, заклучи Карлеуша.
Да потсетиме, Јелена последните денови јавно ги поддржуваше музичарите кои не работат поради пандемијата и апелира нивниот проблем да се реши што е можно побрзо.
Подготви: Редакција Музика24
Музика24 – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

